Швајцарското обвинителство бара затвор за шефот на ПСЖ

9

Швајцарското обвинителство во вторникот побара претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи и поранешниот потпретседател на ФИФА, Жером Валке, да одат во затвор за корупција во врска со распределбата на телевизиските права за Светските првенства во фудбал.

Обвинителството побара 28-месечна казна за Ал-Хелаифи, кој е и претседател на „beIN Media“ и три години за Валке по завршувањето на нивното судење во швајцарскиот град Белинцона, објави локалната новинска агенција „Keystone ATS“. Ова е првпат да се бараат затворски казни во Европскиот суд на правдата во случаи поврзани со скандали во светскиот фудбал, иако поранешни американски раководители добија такви казни во САД.