Шведска од денеска ги укинува сите антиковид мерки. Потточно две години по првиот откриен случај на заразен од коронавирус во оваа земја. Шведска ги отвора и границите за сите граѓани на ЕУ. Шведските власти им препорачаа на невакцинираните да избегнуваат гужви во затворени простории и на сите да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19.
– Пандемијата не е завршена но ограничувањата се, посочи министерката за здравство на оваа земја, Лена Халингрен. Таа рече дека се уште има потреба луѓето да се вакцинираат, а сите што примиле две дози да земат и трета.