Швеѓанецот со потекло од Макеоднија, Кулушевски нов член на Јувентус!?

5

Интер, Наполи, Челзи, Арсенал… сепак не успеаја да ја добија довербата на младиот Швеѓанец со потекло од Македонија Дејан Кулушевски.

Шведскиот универзалец се одлучи да ја прифати понудата од италијанскиот шампион Јувентус. Младиот Кулушевски е веќе во Торино на последните медицински прегледи пред потпишувањето на договорот.

Според италијанските медиуми Јувентус на Атланта за трансферот на Кулушевски на име на обештетување ќе и плати дури 35 милиони евра , клубот од Бергамо може да добие и дополнителни 9 милиони евра на име на премии.

Но , според договореното Дејан Кулушевски до крајот на сезоната останува на позајмицата во Парма за која во есенскиот дел од сезоната одигра одлични натпревари на кои постигна 4 гола, а имаше и уште седум асистенции, што беше и неговата најголема препорака за интересот кај најголемите европски клубови.

Црно белите од Торино за 19- годишниот Кулушевски , ако успешно ги мине медицинските тестови, подготвуваат договор со важност до јуни 2024 година, за годишна плата од 2,5 милиони евра.