Шестмината повредени во експлозија на плинска боца во викендичка во Матејче

9

Повредени се шест лица во експлозија на плинската боца која се случила вчеравечер во викендица во селото Матејче во општина Липково.

Во село Матејче во месноста викана Матејачки колиби во викендица, при експлозија на плинска боца со тешки повреди се здобиле лицата С.С.(1987), В.И.(1990), Н.Н.(1990), З.С.(1994), М.Н.(1977) и Б.Ш.(1985) кои од општата болница во Куманово се препратени на скопските клиники, информираат од МВР.