Шест работи кои треба да ги знаете за гасоводот „Турски тек“ и зошто тој е важен

14

Со голема свеченост во Истанбул гасоводот „Турски тек“ вчера беше пуштен во присуство на Путин, Ердган, Вучиќ и Борисов.

Ова се шест работи кои би требало да ги знаете за гасоводот Турски тек кој регионот ќе го снабдува со гас.

Што е „Турски тек“

Гасоводот „Турски тек“ е проект на рускиот Гаспром и турскио Боташ кој би требало да обезбеди стабилно снабдевање со гас за Турција, јужна и југоисточна Европа.

Како почна се?

После пропаднатиот проект „Јужен тек“ во 2014 година, и кризата во руско-турските односи со уривањето на рускиот борбен авион Су-24 во ноември 2015, договорот за изградба на гасоводот „Турски тек“ е потпишан во октомври 2016 г.

Изградбата започна во мај 2017 година и првите кубни метри гас почнаа да течат вчера, 8 јануари 2020 година.

Каде започнува и каде завршува

Гасоводот е долг 930 километри со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. Првиот крак минува низ Турција, додека вториот оди кон Бугарија, Србија и Унгарија. Србија и Бугарија го нарекуваат тој дел од гасоводот „Балкански поток“. Капацитетот на секој крак е 15,75 милијарди кубни метри гас.

Оваа количина на енергија е доволна за да се задоволат потребите на 15 милиони домаќинства со средна големина.

„Турски проток“ транспортира гас од руска компресорска станица во близина на Анапа во рускиот Краснодар, преку Црното Море, до приемниот терминал во турскиот град Кијакеј.

Од Кијакеј, цевководниот крак продолжува кон дистрибутивниот центар Лулебурас. Следниот сегмент од 145 километри тргнува кон центарот кај Ипсала, на турско-грчката граница, кој се разгранува таму кон турско-бугарската граница.

Понатамошната изградба на гасоводот кон Југоисточна и Централна Европа беше одговорност на државите вклучени во проектот – Бугарија, Србија и Унгарија. Планот е да се продолжи гасоводот кон Австрија и Словачка.

Трасата на гасоводот низ Србија

Србија изгради главен гасовод од 403 км од Бугарија до унгарската граница, односно од Заечар до Хоргош, кој ќе ги снабдува со гас од Турција и Балканскиот тек.

Пионерски дух и светски рекорд

Поставувањето на цевките на дното на Црното Море е направено со помош на најголемиот брод во светот наменет за овој вид на работа – „Пионерскиот дух“. Работејќи нон-стоп пловилото во просек положувало пет километри цевки секој ден. Во август 2018 година, „Пионерскиот дух“ го собори светскиот рекорд со положување 6,3 км цевки за само еден ден.

Најкраткиот дел од кракот на гасоводот

Делот „Турски тек“ на територијата на Унгарија ќе биде долг само 15 километри.