Шефот на грчката дипломатија Дендиас во Скопје

4

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска ќе престојува во Скопје. Тој, покрај со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Главни теми во разговорите ќе бидат европерспективата на Северна Македонија и регионот, билатералната соработка и Преспанскиот договор.