Шефќет Демировски е „шпионот“ уапсен во Србија

259

Уапсените се осомничени за кражба на тајни технички документи поврзани со производство на муниција со калибар од 12,7 мм, и на нив им се ставени лисиците по повеќемесечните истраги за вадење доверливи информации од фабриката за оружје во Ужице.

Шефќет Демировски, сопственик на компанијата „АТС Груп„ е Македонскиот државјанин уапсен синоќа во Србија под обвинение за „шпионажа“, откако се сомнева дека добил класифицирани документи за производство на оружје и муниција во фабриката “Први Партизан“ во српскиот град Ужице, пишува весникот КОХА.

Заедно со Демировски, во заедничката акција на српската тајна служба (БИА), војската (ВБА) и Министерството за внатрешни работи (МУП) беше уапсен и Боривоје Глисовиќ од Ужице, поранешен вработен во „Први Партизан„.

Двајцата уапсени се осомничени за кражба на класификувани технички документи поврзани со производство на муниција со калибар од 12,7 мм, и на нив им се ставени лисиците по повеќемесечните истраги за вадење доверливи информации од фабриката за оружје во Ужице. Се работи за класифицирани документи што се однесуваат на производство на муниција за снајперистите и противвоздушните пушки. Според белградското јавно обвинителство, неколку лица биле уапсени и утрово под сомнение за злоупотреба на службената должност од одговорни лица и изнуда.

„Тројца работници во фабриката„ Први Партизан “ во Ужице, како и Ш. Д, државјанин на Северна Македонија и сопственик на скопската фирма „Арс груп“ се уапсени за злоупотреба и мито. Уапсени се поранешниот инженер на „Први Партизан“ Б.Г од Ужице, Н.И од Пожега, конструктор во одделот за алатки и машини во „Први Партизан“ каки и М.М. Осомничените се притворени и им е изречена притворна казна од 48 часа, кои потоа ќе се појават пред Јавниот обвинител. Тие се товарат за кривично дело продажба на проекти и други документи кои припаѓаат на фабриката „Први Партизан“ за производство на оружје и муниција “, пренесува КОХА.

Според Обвинителството, Глишовиќ копирал тајни техничко-дизајнирани документи за муниција со калибар 12,7 мм произведена во „Први Партизан„ и овие документи му ги дал на Демировски неколку пати.

Инаку, во Јули годинава Шефчет Демировски ја отвори првата фабрика во Визбег, Скопје за производство на заштитни елеци и шлемови за полицијата и војската во областа на балистичката и безбедносната заштита. Сопственикот на компанијата АТС Груп, Демировски, во тоа време рече дека се чувствувал многу удобно после многу години работејќи во странство за да отвори фабрика во родниот град. Тој дури рече дека инвестицијата изнесува 3 милиони евра и има вкупно 80 вработени.

Демировски исто така најави дека производите на компанијата се извезуваат во Европа, Турција и Катар. Во меѓувреме, за Министерството за внатрешни работи, АТС Груп донираше опрема во вредност од 50.000 евра.