Шилегов после невремето: „Скопје 2014“ мора да се реши, почнуваме после избори

9

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, предмалку на фејсбук објави фотографии за штетите што синоќешниот ветар ги врз објектите од проектот „Скопје 2014“, најавувајќи дека власта ќе се справи со овој проект после изборите.

„Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши „Скопје 2014“. Да се разбереме. „Скопје 2014“ мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. Конечно ќе има одговорност за ова лудило“, напиша тој на фејсбук.

Претходно, тој порача дека овој проект освен што е криминален, тој е и небезбеден за животите на луѓето.