Шкот заспал в такси, а се разбудил во друг крај на земјата

20

Човекот во пет часот изутрина излегол од дискотеката близу својот дом и требало да мине само три километри. Наместо тоа, возачот дури по 180 километри возење, забележал дека клиентот му заспал, па го разбудил.

Шкот од Единбург влегол в такси, заспал, па се разбудил на друг крај од Шкотска, нему сосем непознат. Човекот во пет часот изутрина излегол од дискотеката близу својот дом и требало да мине само три километри. Наместо тоа, возачот дури по 180 километри возење, забележал дека клиентот му заспал, па го разбудил.

Сметката  од тоа возење била 400 фунти (околу 450 евра). Тогаш, заспаниот патник сфатил дека не знае каде се наоѓа, па со помош на својот мобилен и повеќе автобуси, трамваи и возови, по седум часа се вратил во Единбург.