ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА НАВИВАЧКАТА НА БАРСЕЛОНА: Пике ми праќаше непристојни пораки, Шакира не го заслужи ова (ФОТО)

1

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике и пејачката Шакира во саботата официјално потврдија дека се разведуваат по 12 години брак, иако не ги открија причините за тоа!

Меѓутоа, со денови се пишува дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишна хостеса и дека пејачката го фатила на дело. За тоа нема потврда, но во меѓувреме по угледот на Пике удри и Сузи Кортез, Мис Бумбум и големата прочуена навивачка на Барселона.

Сузи за „El Diario NY“ признала дека Пике речиси секојдневно ѝ праќал пораки и дека многу од нив не биле пристојни.

– Тој ми испрати подиректна порака. Единствените играчи на Барса кои никогаш ништо не ми испратиле се Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира ова не го аслужи – рекла Сузи и додала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzy Cortez (@suzycortezof)

„Бев пријателка со поранешниот претседател на Барса, Сандро Росељ. Кога Пике дозна, го побарал телефонскиот број и ми испрати порака. Кога се вратив во Бразил, тој исто така ми испрати порака на Инстаграм. Го интересираше кога ќе се вратам во Европа, секогаш ме прашуваше за мојот задник и колку е голем и дека е љубоморен на Меси што добива толку големо внимание од мене. Никогаш не го кажав ова од почит кон Шакира, но сега ќе кажам сѐ што ми се случи.“

Инаку, Сузи неодамна призна дека сопругата на Меси, Антонела, ја прогонува веќе пет години. Нејзината љубов кон Аргентинецот е надалеку позната, а таа го сака толку многу што лицето на Меси го истетовирала на меѓуножјето и задникот.