Шок и тага во Шуто Оризари по страотниот пожар во кој животот го загубија две деца

5

Опожарени потпорни ѕидови, играчки, даски кои биле кровна конструкција – ова е се што остана по големиот пожар во Шуто Оризари кој зафати четири куќи. Пламените јазици одзедоа два детски живота.

Импровизираните ќуќи во кои живеат луѓето во ова маало се опасни за нив , велат мештаните и дел од надлежните кои денеска дојдоа на местото на несреќата.

Од Центарот за социјална работа во Скопје велат дека нивните екипи веднаш излегле на терен за да им се помогне на семејствата.

Соседите и роднините кои ги сретнавме не сакаа да зборуваат пред камерата на Телма , велат се уште се во шок од вчерашната трагедија.

Инаку како што вчера информираа од Противпожарната бригада пожарот го гаселе 15 пожарникари на тешко пристапен терен. Интервенирале и три екипи на брзата помош. Дедо и таткото на починатите деца кои беа однесени на Клинички, се пуштени на домашно лекување.

За сега причините за пожарот се непознати , а полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.