Шок и фасцинација: Авион леташе прениско, туристите за влакно извлекоа жива глава

10

Шокирани, но и фасцинирани беа туристите на грчкиот остров Скијатос, кога патнички авион на „Визер“ слетуваше на аеродромот и за малку ќе предизвикаше катастрофа.

Имено, авионот леташе прениско – само неколку метри над главите на туристите присутни на аеродромот кои од страв се фрлаа на земја за да спасат жива глава. Авионот едвај ја помина оградата на аеродромот и за среќа сѐ се заврши добро.

„Ова ќе го паметам до крајот на животот“, „Ова за малку ќе предизвикаше катастрофа“, „Ова е најниското слетување што сум го видел“, „Ова беше страшно, но пилотот заврши одлична работа на крајот“, беа дел од коментарите на снимката од настанот објавена на Јутјуб.