Шоуменот Кирјос загуби од Надал, па направи хаос во Индијан Велс

0

Рафаел Надал ја забележа 19.победа од почетокот на сезоната. Шпанецот имаше многу проблеми во дуелот со Ник Кирјос, на крајот славеше со 7/6, 5/7, 6/4. Контроверзниот Кирјос, во целост го украде шоуто во Индијан Велс.

Кирјос на публиката и понуди „целосен пакет“, одличен тенис, атрактивни поени, кршење рекети, расправии со публиката.

Австралиецот искрши еден рекет во финишот на првиот сет, во тај-брејкот кој го загуби со 7:0. Вториот по завршувањето на мечот и ракувањето на мрежата со Надал, кога за малку ќе повредеше едно од момчињата кои се задолжени за собирање на топчињата.

Добриот рефлекс го спаси момчето рекетот да не заврши во неговата глава.

„Дали тоа ми беше намерата? Дали кон него го фрлиф рекотот? Го фрлиф еден метар од мојата нога, чуно скокна, за малку ќе го удреше. Човеку се случуваат такви работи. Несреќно се одби, мислам дека милион пати да го фрлам рекетот тој нема да се одбие на таков начин“, рекол Кирјос и дополнил.

„Удри на три метри од него и вие сега тоа ме прашувате по три часа борба со Рафа Надал? Собирачот на топчињата клекна? Боже. Ова не беше инцидент како оној со Зверев, но одлично прашање човеку. Сакам да ти честитам“.