Шпанија воведува регистар на лица кои ќе одбијат вакцинација против ковид – ќе биде достапен за цела ЕУ

13

Шпанија планира да направи регистар од оние кои одбиваат вакцина против коронавирусот, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на изјава на шпанскиот министер за здравство Салдавор Илја.

„Сите во Шпанија се повикани да примат вакцина. Вакцинацијата е доброволна. Но, оние што ќе одбијат вакцинација ќе бидат регистрирани“, изјави Илја за телевизијата „Ла Секста“.

Регистарот нема да биде објавен во јавноста и ќе подлежи на строги правила за заштита на личните податоци. Сепак, информациите во него можат да бидат достапни за другите европски земји.

„Ќе создадеме регистар на луѓе кои не ја сакаат вакцината и тоа ќе го споделиме со другите европски земји“, рече Илјa, додавајќи дека во регистарот ќе има луѓе на кои им е понудена вакцината, но кои ја одбиле.

Како и другите европски земји, Шпанија започна со вакцинација во неделата. Во следните 12 недели, Шпанија очекува да добие 4,6 милиони дози вакцина, за вакцинирање на 2,3 милиони луѓе.

Во Шпанија од почетокот на пандемијата од коронавирусот починаа околу 50 000 лица, додека 1,8 милиони се заразени.