Шпанија, Италија и Германија со најмногу нови случаи коронавирус во последните месеци

9

Повеќе европски држави регистрираат раст на бројот на нови случаи корона вирус а дел од нив бележат најголеми бројки во последните месеци.

Во Шпанија вчера беа потврдени 3 715 нови заразени, што претставува најголемата бројка откако кон крајот на јуни оваа држава излезе од строгиот карантин.

Истовремено, во Италија потврдени се 642 случаи, најмногу во државата која беше епицентар на епидемијата во Европа уште од крајот на месец мај.

Во Германија пак последниот дневен билтен информираше за 1707 нови случаи, најмногу од месец Април.

Повеќе европски држави се одлучија и за ново ограничување на патувањата, како дополнување на мерките на социјално дистанцирање и носење маски, во обид да се запре ширењето на вирусот.

Велика Британија најверојатно ќе ја тргне Хрватска од листата на “безбедни земји”, по последниот раст на нови случаи во државата и откривањето на увезени болни од Ковид 19 од Хрватска во Велика Британија.

Хрватските граѓани ќе бидат ставени на “црвената листа” за патување и во Словенија и за нив најверојатно од наредниот викенд ќе важи правилото за задолжителен 14 дневен карантин по влез во Словенија.