Шри Ланка има нов претседател

0

Пратениците во парламентот на Шри Ланка го избраа премиерот Ранил Викремесинге за нов претседател на земјата, и покрај неговата непопуларност во јавноста.

На Викремесинге му претстои задача да ја изведе земјата од економскиот колапс и да го врати јавниот ред по неколкумесечни масовни протести. Тој го победи партискиот ривал Дулус Алахаперум на гласањето што се одржа денеска во парламентот.

Поранешниот претседател Готабаја Рајапакса поднесе оставка минатата недела и ја напушти земјата откако демонстрантите ја окупираа неговата резиденција. Рајапакса замина од власта поради тешката економска криза во Шри Ланка.

Викремесинге има долгогодишно искуство во дипломатски и меѓународни работи и има водено клучни разговори со ММФ. Служејќи во двојната улога на министер за финансии, тој држеше неделни говори во парламентот предупредувајќи дека патот за излез од кризата ќе биде тежок.

Викремесинге е крајно непопуларен кај пошироката јавност, која го гледа како остаток од владата на Рајапакса што ја доведе земјата во економска катастрофа. Само неколку пратеници јавно кажаа дека ќе гласаат за Викремесинге.