Штедачите од Еуростандард банка молат за помош

17

До редакција на Слободен Печат утрово пристигнал маил во кој оштетените штедачи од Еуростандард банка молат за помош поради ситуацијата во која се најдоа, за жал не по нивна вина.

-Имено ние сме дел од 780 штедачи на Еуростандард банка кој за својата судбина т.е. за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем функционирањето на истиот тој систем не доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг.

Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка, сметаат дека, штедачите мора да се организираат и да бидат претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле.

-За да не се губи време додека истите структури горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш. За таа цел, сите кој се дел од 780 штедачи чии судбини во наредниот период ќе се преплетат сакајќи или не, да не исконтактираат со било каков предлог на емаил адресата [email protected]– наведуваат во мејлот оштетените штедачи.