Штетата на црквата „Свети Марко“ во Венеција проценета на пет милиони евра

5

Секој камен е богатство, вели техничкиот директор на црквата „Свети Марко“, укажувајќи на мозаиците од злато, вметнатите камени плочи и ѕидовите обложени со мермер на ремек-делото од градба старо 927 години, кое претрпе штета од најмалку пет милиони евра за време на разорно високата плима минатиот месец.

Изградена на локација за која венецијанците сметаат дека е една од најбезбедните во градот, црквата „Свети Марко“ претрпе голема штета, пренесе агенцијата АП.

За разлика од другите природни непогоди, како на пример, земјотрес кој остава слики од урнати sидови, штетата од поплавите во Венеција засега не е видлива со голо око.

Нивото на водата, што изнесуваше 1,87 метри со ветер кој дуваше со брзина од 120 километри на час, што ги направи брановите уште повисоки, низ прозорците ја поплави криптата на црквата Свети Марко.

Под наплетот на брановите паѓале и оловните плочки, што се случува по прв пат.

Сведоци рекоа дека на плоштадот „Свети Марко“ имало бранови какви што не виделе до сега.