ШТО ВИКА ХОРОСКОПОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

306

И македонските и албанските партии на власт ‘‘прдат во иста тиква‘‘! Не смеат да се однесуваат поинаку затоа што тие немаат никаква своја политика освен онаа која им е наметната регионално а под диригентска палка на оној што има прекрасен поглед од калето накај градски парк. Македонија не е своја. Таа е само декларативно своја и само декларативно одлучува сама за себе. А, народот како ‘‘бели мајмун‘‘ се пали дека е газда на сопствената држава. Колку и да е навредливо, дури и епитетот бели мајмун е малку да се каже

 

Од Агим ЈОНУЗ

Вика, да извините работата е ‘‘ ташак‘‘! Што може да кажува хороскопот за држава која е веќе растурена, ама врзана е со жици како старо радио кое освен една песна што ја врти веќе триесет години, ништо друго не прави.  Со селотејп од сите страни. Понекогаш, за да направиш добра аналитика, треба да си сурово директен и искрен, затоа што се останато е веќе видено и чуено од устата на секојдневните големи македонски експерти, аналитичари и сезнајковци кои некаде во здрави држави не би биле ниту чувари во некоја институција. Ете, за да не се буните и јас сум еден од нив. Ама, сум имал к‘смет да можам да си пишувам колумни. Ако на вас ви е криво што не пишувате колумни, обратете му се на уредникот, гарантирам дека е ефендија човек и може и ке ви објави некоја колумна.

Што вика хороскопот за Македонија во наредните неколку месеци. Што и да се случи во наредниот период врзано за датумот за преговори, добиле ние или не, тоа не значи дека сме веќе во Европа. Тоа само значи дека ке се договараме за да се договориме. А, тоа во сите комбинации ке трае најмалку десет години. Што ке јадеме во меѓувреме!? Како ке живееме? Тоа, ама баш никој не сака да го разговара затоа што не само што нема одговор, туку и она што има да го каже нема да му се бендиса на народот. Нас во сите комбинации не чека само бетер, а не дај боже да ескалира кризата во Украина на поширок простор, тогаш ние отидовме како топовско месо во име на НАТО. Политичарите се потполно свесни дека се она што го прават е чиста импровизација и купување време додека не се одлучи геополитички во кој правец ке оди цел Западен Балкан. Приказната може да се предвиди во некои правци. Еден од тие е дека приказната со ‘‘Отворен Балкан‘‘ ке добие на своја содржина затоа што тоа е единствена приказна која може да биде утеха за тоа што Европа нема намера да ги прими Албанија и Македонија во скоро време. А дека ке добиеме датум за преговори, не само што нема, туку и само господ знае во која блиска иднина таа тема ке се актуелизира.  Значи да резимираме што вели хороскопот за блиската иднина на Македонија врзана за сево ова што не мачи како актуелно. Со бугарите прашањето ке остане отворено, датум за преговори нема, политичката ситуација ке се доведе до уште поголема катастрофа, а народот ке следи медиумски приказни дека ете, ние сме најдобра државна екипа на светот, ама нас за инат ни го прават ова. Никој за инат на нас ништо не ни прави. Ние самите на себе си си тераме инат. Затоа што за сметка на формата, ја изгувбивме суштината на живеењето во оваа држава. Ако јас лажам, прашајте ги сите оние млади души со коферот во рака кои бегаат од државата. Кога некој ме прашува како тоа јас смеам да дефинирам дека државата е веќе растурена, јас само би запрашал нешто просто. Сакам некој да ми каже што е тоа што функционира во државата! Ништо! Лажам!? Не! Е па, како другачие да се дефинира? Се што не опкружува во секојдневјето е шаблон кој малку фали да се растури како гердан од монистри на кој ако му се скине конецот на сите страни ке летаат шарени камчиња. А, после иди па собери ги.

Среќа за Македонија е токму иницијативата за ‘‘Отворен Балкан‘‘. Тоа е една приказна која секој мисли дека е иницијатива на балканско ниво, а не му треба наочари за да разбере дека така некој друг одлучил да биде. На Европа и се симнува еден огромен камен од вратот со самиот податок дека тој процес ке значи и ставање ‘‘ на страна‘‘ на досадните земји кои по секоја цена сакаат да бидат Европа. Народот ке биде како – така задоволен, зашто ке се отвараат граници, некој ке се присеќа на Југославија па ке шири ‘‘братство – единство ‘‘ повторно по педесет години, а бизнисмените ке тријат раце затоа што се отвара поширок пазар, меѓу земји кои докторирале на тема криминал, корупција, и варијации на тема ‘‘ снаоѓај се па живеј‘‘! Приказната за отворен балкан е рај за мафијата. Ако земеме во предвид дека во сите држави кои се за тој отворен Балкан економијата и бизнисот го водат структури кои се цело време на ивицата на легалното и со криминогено стекнати богатства, прашањето кое треба да го поставиме покрај останатото е како ке се испеглаат тие ‘‘ мафијашки‘‘ пашалуци. Дали ке има ‘‘војна‘‘ ( фигуративно) кој да биде фраер а кој не! Но, тоа е секундарно! Примарни се други прашања. Едно од тие, а ако се земе во предвид не признавањето на Косово од страна на Србија, е како ке се организира тој отворен балкан! На политичко ниво. Отварањето на пазарот по автоматизам подразбира дека мора да има структури кои ке го организираат и контролираат сето тоа. Има милион отворени прашања за кои никој ништо не дискутира, а одговорот е сосема едноставен. Приказната за отворен балкан во актуелниот момент е само замаглување на очите на обичниот народ за да не прашува за хаосот во кој се наоѓа. Не е само Македонија во тешка кал. Регионално ситуацијата е катастрофална. Ако човек има барем малку во себе аналитички ‘‘ талент‘‘, не треба посебно образование за да се разбере дека тоа е приказна која е ‘‘алтернатива‘‘, а не реална и суштинска филозофија и правец кон кој се стреми Македонија, па и останатите од регионот. Приказната за отворен балкан е безмалку смешна ако се земе во предвид дека му се враќаме на феноменот на Југославија и ‘‘ неврзаните‘‘. Ниту си со Исток, ниту си со Запад, туку си самостален, ама самостален си онолку колку што ‘‘Запад ‘‘ ке ти дава кредити. ! Бурлески за оние кои ја разбираат работата. Ќе те стави на скут, ке ти даде за право да се ‘‘правиш фраер‘‘, ама цело време ќе ти го држи како на куче каишот и ке ти дава правец на која страна да ја вртиш главата и каде да одиш. Приказната за отворен балкан е идеална за замачкување на очите на незадоволната популација на балканот. Што ке се случува понатаму, и што кажува хороскопот дека ке се случува знаат само Вашингтон и Москва, затоа што тие се додека мафтаат со можноста дека може да притиснат на ‘‘ црвеното копче‘‘, се останато е филм за медиуми и за гладен народ. Македонија во целиот тој филм е само како една просечна глумица која ја користат за сцените каде што треба да има безобразни сцени!

Што ке се случува внатре во Македонија во меѓувреме според хороскопот. Ништо нема да се случи. Овој народ од кога постои, живее со онаа народната поговорка ‘‘ ти не можеш толку многу да ме ебеш колку што јас можам да издржам‘‘. Што и да се случува, овој народ ке си го лапне како поп сарма и ке кјути. Велат, мокар од вода не се плаши, па и да врне дожд, нема да биде ништо ново. Предвремени избори нема да има од неколку причини. Како прво, позицијата е свесна дека ако дозволи предвремени избори може да загуби и да се растури. Апсолутно не поради тоа што некој друг нешто ново и квалитетно нуди, туку поради податокот дека овој народ одсекогаш на гласање излагал за да казни некого, а не за да донесе на власт некој што е по квалитетен. Тоа е стара формула. Со оглед на тоа дека позицијата е свесна за незадоволството на народот, ќе стори се за да нема избори до крајот на регуларниот период на владеење. А, од друга страна ни американците нема да дозволат нови избори. Ке се создаде страшна празнина од неколку месеци во кои не само што тоа кошта пари во време во кое ионака ги нема, туку ке има само непотребен циркус кој на крај нема да донесе ниту една структура која може да донесе нешто спектакуларно, ново и спасително. Во минатата колумна напишав дека ова е држава на Курто, Мурто и Турто. Мислам дека се е кажано со тоа.

Во меѓувреме, како што спомнав во една стара колумна, а додека не се консолидира приказната за отворен балкан, внатре во Македонија ке си функционира онаа стара формула за затегнување на меѓуетничките односи за да не се таласа многу и да се живее во страв од дестабилизација, додека челниците на албанците и македонците на власт ке си јадат јагнешко месо некаде во некоја владина вила или на теферич по ловиштата на ‘‘Јасен‘‘! Не заборавајте дека секој хаос се контролира со уште по голем хаос. Хороскопот вика дека не чека добро организиран хаос поголем од овој, затоа што некој треба да биде повторно миротворец, градител на држава и мега патриот. Прашање е само во тој некаков нов хаос кој каква улога ке преземе овој пат.

Не заборавајте! И македонските и албанските партии на власт ‘‘прдат во иста тиква‘‘! Не смеат да се однесуваат поинаку затоа што тие немаат никаква своја политика освен онаа која им е наметната регионално а под диригентска палка на оној што има прекрасен поглед од калето накај градски парк. Македонија не е своја. Таа е само декларативно своја и само декларативно одлучува сама за себе. А, народот како ‘‘бели мајмун‘‘ се пали дека е газда на сопствената држава. Колку и да е навредливо, дури и епитетот бели мајмун е малку да се каже. Кога еден народ не го бидува да си чува, негува, гради и воздигнува своја матична држава и од нејзе да прави топол дом, тогаш само декларативно ке бидеш газда на својата куќа која одамна ти ја купил некој бабуш. Велат дека наесен не чека катастрофална социјална ситуација со поскапувања, немаштија, и економска криза која безмилосно ке гази се пред себе. Нека! Бидете спремни на се, па овој народ поминал и времиња во кои се зимале јајца на ‘‘ бонови‘‘! Не е тоа во прашање. Тоа е форма. Суштината е нешто сосема друго. А таа вели дека сме брод кој плови со триста дупки во него кои го полнат со вода, која веќе ја мина црвената граница на еементарното човечко достоинство, егзистенција, чест и елементарно постоење. Македонија е колку и да звули застрашувачки, како отпушок од цигара фрлен во река која го носи со себе, а каде,.. Да! Знаат оние на Кале а богами и оние кои во Брисел после сите дискусии и состаноци на ‘‘највисоко‘‘ ниво се сеќаваат на Македонија само по тоа што јаделе Охридска пастрмка и пиеле црно Тиквешко вино. А што мислите вие, ги заболе курот за нас ( молам за извинување за фразава)!?! Е,.. мој наивен народе! СИ гледаат они свој есап и своја математика. А, Хороскопот што вика за Македонија!? Аа? Вика, ситуацијата е ‘‘ташак‘‘! Ама, ке измислиме нешто со што да се занимаваат оние у Македонија. Во меѓувреме не ги чепкај, нека крадат, лажат, богатат, манипулираат. Ех, па тоа е цена на мирот и стабилноста, па каква – таква!

ОООО ЏЕМАААТ! Има една српска фраза, вика ‘‘ Јебо те Шинтер‘‘! Што да ти објаснувам! Да разбереше до сега што ти објаснувам,  сто пати ке излезеше на улица и ке рушеше се пред себе! Ниту некогаш си имал, ниту имаш ‘‘муда‘‘! Ти имаш само јајца од биљбиљ! СИКТЕР ДОМА и гледај турски серии, зашто тоа ти е дереџето. Македонија цела стана еден турски филм! Крајот е само во божји раце. Така вика хороскопот.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)