Што му подари Пендаровски на Вучиќ?

57

Претседателот Стево Пендаровски при денешната официјална посета на Србија, на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари галичка пафта.

Овој подарок отвори дилема во јавноста дали претседателот Пендаровски му упати некаква порака на претседателот Вучиќ со подарокот. Се работи за неодамнешното тврдење на српската радио телевизија која преку емисијата „Квадратура круга“ емитуваше документарна емисија со која тврди дека Мијаците се старо српско племе. Ова тврдење ја подигна домашната јавност пред се кај граѓаните со мијачко потекло кои не се согласуваат со ова одбележување тврдејќи дека се Македонци.

Пафтата која денеска ја подари Пендаровски на Вучиќ била избор на македонскиот претседател кој по потекло е од Галичник, а пафтата е симбол кој се наоѓа на невестинскиот појас на галичката народна носија. Претседателот Пендаровски денеска и утре е во официјална посета на Република Србија, а покрај средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се сретне и со српската премиерка Ана Брнабиќ.