Што се крие зад прстенот кој Џенифер Лопез го доби од Бен Афлек?

22

Дали се повторува 2002 година?

Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се свршија, а познатата пејачка веста ја потврди на својот Инстаграм профил и на сите им го покажа величествениот зелен дијамант на прстенот.

Познатото дуо прв пат се сврши пред речиси 20 години, во ноември 2002 година, при што славниот холивудски актер на својата избраничка ѝ подари прстен со речиси идентична големина и камен во облик како сегашниот во 2022 година. Во тоа време дијамантот беше 6,1 каратен со класична розе боја, чија вредност се проценуваше помеѓу 1,2 и 2,5 милиони долари.

Од друга страна, овогодинешниот зелен дијамант Лопез е природен зелен скапоцен камен од 8,5 карати, што го прави ултра редок и неверојатно скапоцен.

Џенифер Лопез повеќепати истакнуваше дека зелената ѝ е омилена боја, а се чини дека Бен Афлек во меѓувреме уште подобро ја запознал.