Ѓоковиќ без проблеми во третото коло

14

Вториот носител, Новак Ѓоковиќ, обезбеди пласман во третото коло на Австралија Опен откако во второто коло за само 95 минути го победи Тацума Ито во три сета и тоа со 6:1,6:4,6:2.

Со оваа победа, бранителот на трофејот во Мелбурн, стана вториот тенисер во историјата кој остварил најмалку по 70 победи на три од четири грен слем турнири. На Ѓоковиќ му се потребни две победи на Ролан Гарос за да му се приклучи на Рожер Федерер со најмалку 70 победи на сите грен слем турнири.

И останататите фаворити немаа проблеми во второто коло, Стефанос Циципас без борба се пласира во третото коло бидејќи Филип Колшрајбер поради повреда го предаде мечот. Диего Шварцман во три сета го победи Давидович од Шпанија, исто како и Милош Раонич, а Марин Чилиќ во пет сета го совлада Беное Пер. Единствено изненадување кај мажите е елиминацијата на Григор Димитров кој во пет сета загуби од Томи Пол.

Кај дамите, американската тинејџерка, Коко Гоф продолжува со добрите игри, таа во второто коло со 2:1 во сетови ја победи Сорана Кирстеа. си закажа дуел со Наоми Осака во третата рунда од Аус Опен откако забележа победа во второт коло над Романката Сорана Кирстеа со 2-1 во сетови (4:6,6:3,7:5).

Нејзина противничка во третото коло ќе биде Наоми Осака која со 6:2, 6:4 ја победи Сасаи Женг.
Сигурен настап имаа и Ешли Барти, Каролина Возњаки, Петра Квитова, Јулија Гергес и Софија Кенин.