Ѓоковиќ не е виновен, Владите дозволија да се игра пред гледачи

Поранешниот француски тенисер Ришар Гаске не го обвинува Новак Ѓоковиќ поради тоа што одредени тенисери се заразени со коронавирус на „Адриа Тур“.

18

Во неделата експресно беше прекинат турнирот во Задар откако Григор Димитров објави дека е позитивен на коронавирус, по што беше утврдено дека заразени се и Борна Чориќ, Виктор Троицки, кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники како и тренерот на Бугаринот, Кристијан Грох.

Сите тие беа дел од турнирите кои се во организација на Новак Ѓоковиќ, „Адриа Тур“.

– Ѓоковиќ не е главен виновник. Тој не ги примора тенисерите да играат пред публика. Властите дозволија на трибините да има 5.000 навивачи и тоа беше единственото место на светот каде можевте да видите толку многу луѓе на едно место. Многу се изненадени, но мораме да сфатиме дека живееме во нов свет и да се навикнеме на тоа – изјави Гаске.