Ѓоковиќ: Не им ја земам душата, ама нозете сигурно

1

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ мина уште една пречка на патот до пехарот на Ју-Ес Опен.

Србинот беше подобар од талентираниот Џенсон Бруксби кој го суреди во првиот сет со 6-1, но потоа работите си дојдоа на свое место, фаворитот заигра на повисоко ниво и со 6:3, 6:2, 6:2 дојде до четвртфиналето во кое ќе се соочи со Метео Беретини од Италија.

За време на средбата меѓу Новак и Џејсон со свои коментари на социјалните мрежи се јавуваше некогашниот најдобар американски рекет, Енди Родик кој во еден од твиовите напиша.

-Ви ветувам една работа. Како поминува мечот, Новаќ ќе му го приреди најболното искуство во кариерата на ова дете. По час и половина во мечот, веќе има сериозни болки во телото. Прво ви ги одзема нозете, а потоа и душата, -порача Енди.

По завршувањето на дуелот ова го слушна Ѓоковиќ кој имаше краток коментар низ насмевка.

-Благодарам, Енди! Ова го сфаќам како комплимент, само јас не земам ничија душа. Секој има своја душа, сите имаме убави души, јас тоа го почитувам. Сите ги ценам, но нозете сигурно ќе ти ги земам, -порача Ноле.