Ѓоковиќ: Ова е катастрофа за мене, но Федерер го гледам како инспирација!

7

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Роџер Федерер во мечот од третото коло во групата „Бјорн Борг“ на завршниот турнир во Лондон, па така ја испушти шансата на крајот на годината да се врати на првото место.

По мечот со еден од своите најголеми ривали во кариерата, Ѓоковиќ не беше задоволен од тоа што го покажа.

„Ова беше катастрофа од моја страна. И играта и чувството на теренот. Жал ми е затоа што вака ја завршив сезоната, а знам дека можам многу подобро. Честитки до Федерер, кој одигра фантастично. Тој беше подобар во сите делови од мечот. Ме мотивира тоа што игра вака на 38 години. Имам навистина голема почит кон него и тој е инспирација за сите“, порача Ѓоковиќ.