Ѓоковиќ по дисквалификацијата: Ова ми е и животна и професионална лекција

8

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на својата Фејсбук страница објави изјава во врска со инцидентот синоќа на натпреварот на УС Опен против Шпанецот Пабло Карењо-Буста, по кој беше дисквалификуван, откако со топче удри линиски судија.

„Целата оваа ситуација ме направи многу тажен. Контактирав со судијката и таа ми кажа дека, фала богу, се чувствува добро. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Ова беше ненамерно. Не е во ред. Што се однесува до дисквалификацијата, треба да работам на мојата фрустрација и целата оваа ситуација да ми биде лекција во мојот раст како играч и личност. Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Многу сум благодарен на мојот тим и на семејството што ми беа поддршка и на моите навивачи кои секогаш беа со мене. Ви благодарам, извинете“,

напиша Ѓоковиќ.
Нервозата поради загубениот сервис на мечот против Шпанецот Буста, скапо го чинеше Новак Ѓоковиќ. Тој беше дисквалификуван, откако ненамерно со топче ја удри линиската судијка.

Инцидентот се случи во првиот сет при резултат 6:5 за шпанскиот тенисер.

По гласните реакции на негодување во јавноста поради ваквата одлука, организаторот објави соопштение во кое се посочува дека тенисерот намерно опасно удрил со топчето или небрежно ги занемарил последиците.