Ѓоковиќ: Судијката не направи ништо лошо, поддржете ја!

4

Српскиот тенисер побара од своите фанови да не ја навредуваат линиската судијка која тој ја погоди со топче по што го исфрлија од САД опен.
Преседанот кој се случи на САД опен со историско прво исклучување на еден прв носител од гренд-слем турнир, ги разгоре страстите меѓу поддржувачите на дисквалификуваниот Новак Ѓоковиќ, тие како главен виновник ја посочија „актерката“ Лора Кларк, бидејќи наводно нејзината „глума“ придонела за ваква жестока казна за српскиот тенисер.

Ѓоковиќ преку социјалните мрежи побара поддршка за линиската судијка Лора Кларк која тој ја погоди со топче во грлото, по што 57-годишната Американка не можеше да продолжи да си ја врши работата, а Ѓоковиќ го загуби мечот и нема да добие пари и поени за победите во претходните кола.

„Драги мои навивачи, во благодарам за позитивните пораки. Истотака, ве молам да заборавите на линискиот судија која беше погодена од топчето. И за неа е потребна поддршка од нашата заедница. Таа не стори ништо лошо. Ве молам останете внимателни и полни со поддршка за беа во овие времиња. Во вакви моменти, растеме, стануваме посилни и се издигнуваме. Ја делам љубовта со сите. Европо, еве ме, доаѓам“ – порача Ѓоковиќ.

Следен предизвик за Новак е Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“ кој ќе се игра со публика во Париз од 21 септември до 11-ти октомври.