Ѓоковиќ ја призна грешката: Не требаше заразен да давам интервју

20

Новак Ѓоковиќ со објава на Твитер објасни што се случувало во декември, поточно од моментот кога добил позитивен ПЦР-тест. Ѓоковиќ се наоѓа во Мелбурн, каде што се подготвува за Австралија опен. Тој пет ден беше во имиграциски притвор бидејќи Владата на Австралија му ја одби визат за влез во државата.

Ѓоковиќ се најде на удар, бидејќи заразен давал интервју во Белград. Тврди дека морал да го направи тоа поради обврска кон „Екип“.

„Би сакал да се осврнам на дезинформациите за моите активности и настапи, во декември, кои претходеа на мојот позитивен ПЦР-резултат на тестирањето за ковид. Оваа дезинформација мора да биде исправена, во интерес на пошироката заинтересираност на заедницата за мојот престој во Австралија, бидејќи станува збор за работи кои досега беа многу штетни и загрижувачки за моето семејство“.

На 14 декември присуствував на кошаркарски натпревар во Белград, по што беше објавено дека голем број луѓе се позитивни на коронавирус. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември направив брз антиген тест кој покажа дека сум негативен. Истиот ден направив официјален тест на ковид. Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград за да им доделам награди на децата. Пред да одам на настанот направив нов брз тест. Тој беше негативен. Се чувствував добро, по тој настан бев информиран дека резултатот од ПЦР-тестот е позитивен.

Следниот ден, на 18 декември, бев во мојот тениски центар во Белград за да ги исполнам обврските кон „Екип“, дадов интервју и се фотографирав. Ги откажав сите други обврски освен тоа интервју. Се чувствував должен да го направам тоа. Не сакав да го изневерам новинарот. Сепак се грижев да држам соодветна дистанца и постојано носев маска освен кога ме фотографираа. Веднаш отидов дома да се изолирам за потребниот период. Сега кога ќе размислам, грешка беше што прифатив интервју, требаше да ја одложам таа обврска“, објави Ѓоковиќ на својот профил на Твитер.