Ѓубрето од Охрид ќе се носи во Битола?

150

Битола е новата локација која Mинистерството за животна средина ја разгледува како идеална опција за изградба на регионалната депонија за југозападниот регион откако целосно пропадна планот таа да се гради во Општина Дебрца поточно во селото Годивје, поради незапазување на постапките при носење на планот, но и поради револтот кај жителите кои неколкупати досега излегоа на масовни протести бидејќи се против тоа во речен слив да има депонија која ќе го собира сметот од неколку општини.

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески вели откако второстепената комисија утврдила дека Годивје и не е компактибилна локација, битката е добиена но регионална депонија мора да се изгради бидејќи тоа е еден од главните услови на Унеско.

Рокот кој Унеско го даде на општините од регионот за изградба на регионална депонија и селекција на отпадот е 2021 година. Од Mинистерството за животна средина уверуваат дека ќе се запази тој рок и дека до 2021 година ќе се затвори депонијата на Буково, но и целосно ќе биде решен проблемот со управувањето со цврст отпад во Југозападниот регион.