Јавноста со бурни реакции: Боите на бугарското знаме на евровизискиот спот на Македонија

22

„Here I Stand“ е насловот на евровизиската песна со којашто македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај, во Ротердам. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил.

Вчера беше промовиран и видеоспотот за песната, а по објавата следуваа низа на негативни реакции и коментари.

На еден од кадрите во спотот се појавуваат боите на бугарското знаме и тоа е она што најмногу ја налути македонската јавност.

Јавноста коментира дека во спотот на ниту еден начин не се претставува или споменува Македонија. Спотот ниту еднаш на асоцира дека претставникот доаѓа од Македонија.

За која држава е претставник, за Македонија или Бугарија – прашуваат луѓето.