Јакимовски: Македонците се најпонижена нација во Европа

5

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во гостување во летното издание на „Click21“ на ТВ21 изјави дека Македонците се најпонижена нација во Европа.

„Европа гледа да нема проблеми. Европа секогаш го гази послабиот. Во Европа никогаш нема правдина. Никогаш нема правдина, мислам тоа е јасно како ден. Нашиот европски пат е исполнет со понижување, со горчина во душата. И ние Македонците сме најпонижена нација во Европа“, вели Јакимовски.

Тој вели дека македонскиот народ во регионот го третираат за потсмев.

„Треба да ставиме не црвена туку црна линија кон нивното изживување со оваа држава и со овој народ. Си примија пет милиони Арапи, Сиријци, Ираци и Авганистанци. Сега примаат 10 милиона Украинци, ама најголем проблем им претставуваат милион и осумстотини и педесет илјади државјани на Македонија“, вели Јакимовски.