Јакимовски: На Мицкоски му треба референдумот за да се испере пред меѓународната заедница

7

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски денеска гостува во летното издание на „Click21“ на ТВ21 каде дебатиравме и за најавениот референдум за кој се уште нема јасно оформено прашање.

Јакимовски вели дека и претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски подобро да замолчат.

„Претседателот учествуваше во ова предавство, а лидерот на опозицијата ми беше асистент, таен предавник во оваа работа и сега за да се затскрие сето ова и штетата што ја трпи од неговата наводна тајна… Потполно е јасно која игра ја одигра“, вели Јакимовски.

Тој додава дека 102,6% ќе биде неуспешен и нема да има мнозинство.

„Ама него му треба референдумот за да се испере пред меѓународната заедница и потоа да добие отворен пат во Парламентот да ги гласа уставните промени за Бугарчињата да влезат во Уставот“, вели Јакимовски.