Јакимовски тврди дека во Карпош ќе има инвестиции од милијарда и пол евра

9

Градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска најави дека во општина Карпош ќе се случат инвестиции во вредност од милијарда и пол евра.

На одлуките на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат приходите во општините и граѓаните да имаат поквалитетни услуги. Штом ќе имаме повеќе средства повеќе ќе вложуваме во градинките, во училиштата, ќе има за сите потреби за граѓаните на општината – рече Јакимовски.

Деновиве, како што тврди градоначалникот, ќе се става камен темелник на една голема инвестиција, турска компанија ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. За ова инвестиција комуналиите се уплатени, Општината го издала одобрението за градба и се чека тоа да стане правосилно. Според Јакимовски ќе се развива левата страна од рекате Вардар, таму фирмата “Голден арт“ ќе гради објект.

Продолжуваме интензивно да работиме на соработка со советниците, на изработка на ДУП-ови кои се потребни за граѓаните. Многу граѓани што живеат во индивидуални куќи очекуваат решенија за доградби и надградби, ги очекуваат одлуките на Општина Карпош. Се надевам дека во наредниот период тоа ќе се случи за да можат сите граѓани да ги реализираат своите потреби и замисли – вели првиот човек на Карпош.