Јанакиески: Ако целта е да се скине само мојата глава, повелете

10

Јас мислам дека целта на ова судење е да се дознае вистината.Јас немам отсуствувано на ниту едно рочиште. Ако целта на Обвинителството е да се скине мојата глава, повелете. Но ако Трајковски се “извади” од ова, нема да се дознае вистината.

Ова го кажа обвинетиот во случајот ТНТ, поранешниот министер, Миле Јанакиески, откако поранешниот градоначалник, Тони Трајковски, кој е исто така обвинет не дојде на судење оти беше претепан.

Додека во судница се одвиваше правна дебата за мандатот на поротничката, Јанакиески побара адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски да му се јави на својот клиент за да даде цврсто уверување дека ќе дојде на рочиштето.

– Тони Трајковски е оската на сите случувања. Јас имав многу прашања за него, рече Јанакиески.

Се очекува одлуката на судечкиот совет во која насока ќе тече судењето.