Јанакиески: Јас и сопругата осум години сме биле прислушкувани по 24 часа

12

Јас и на минатото рочиште побарав Фијат Цаноски и син му да бидат сведоци во оваа постапка. Тој ја знае правата вистина, не само за рушењето на „Космос“, туку се од почеток до крај.

Фијат Цаноски имал многу блиска комуникација со Никола Груевски. Колку се сеќавам, со Фијат и Сефер Цаноски е од 2006 година, а со Ардијам Азмоски сум се видел само во една прилика, рече Миле Јанакиески, еден од обвинетите во „ТНТ“.

– Сефер и Фијат Цаноски беа поддржувачи на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Сефер Цаноски беше и на мојата свадба. Последен пат со Сефер се видовме во училиштето каде ни учат децата. Нивниот стил на функционирање е да се приклучат на владејачката гарнитура. Еднаш тоа го правеа со ВМРО, сега со СДСМ. Тие сакаат да имаат блиски релации со јавни личности. Јас најмногу навреден од нив бев кога рекоа дека јас сум сакал да го рушам „Космос“ поради мои бизнис интереси. Миле Јанакиески е омилен лик на СЈО, ОЈО и на други институции. Не сум сакал никогаш да го урнам „Космос“.

Фијат Цаноски има детални листинзи и смс пораки со сите кој разговарал од април 2010 до октомври 2011 година. Чудно е во тој период интензивно комуницирал со Груевски. Во еден ден има две смс пораки, а од листингот се гледа дека се осум. Добро е Фијат Цаноски да ја каже вистината – рече Јанакиески.

Тој рече дека Амзоски на Боки 13 му дал не 250.000 туку 750.000 евра и најави дека планира за сведок да ја повика и Катица Јанева.

– Јанева со една реченица повлече обвинителен акт. Што е тоа, ако не е од лукративни причини. И јас не ја знам вистината, а сакам да ја знам. Сакаме да го прашаме и за кривичните постапки против Фијат Цаноски, кој со законските измени станаа прекршочни пријави. Убаво е да признае Фијат Цаноски дека некој му рекол гради, јас ќе ти го легализирам објектот. Никогаш Миле не направил штета на неговата фамилија. Сакам да каже кој што му ветувал. Јас и жена ми 8 години сме биле прислушкувани 24 часа – нагласи обвинетиот Миле Јанакиески.