Јанева во СЈО му се заканила на Камчев: Тоа со Боки да го средиш

35

Камчев нагласи да не била снимката која беше објавена, денеска ќе пистоело СЈО, но и рекетарската банда ќе царувала.

Од првичната побарана сума, точно 350.000 евра Ана Камчева прво му однесе на Боки, а Зоран Милески му однел уште 150.000 и тоа во канцеларија. Потоа морав се тоа да го документирам. Ако тоа не го направев се ќе беше денес лага. Во јануари 2019 година дојде Боки за да разговараме наводно за бизнис. Знаев дека тоа е рекет фаза. Знам дека кај Боки 13 платија овој од Тинекс, Дејан-Пелистерка, Томче-Лавче и други. Боки ја злоупотреби и потпретседалката на Влада. Многу беше монструозен, рече бизнисменот Орце Камчев на денешното сведочење за „Рекет“.

– Со него разговараа и бараа пари и луѓе од МВР. Каде да го пријавев криминалот? Побарав совет од пријатели од Бугарија. Мојата поплака е пријавена кај тогашниот директир на УБК. Пријателите ме советуваа да му дадам помала сума на пари и тоа да го документирам. Ми рече дека многу е лута Катица и дека без милион муабет не прави. Бараа 8 милиони евра. Пет бараа ако предметот оди кај Вилма. Си реков “Браво народе кога Бојан го управува СЈО” – рече Камчев.

Тој нагласи дека да не била снимката која беше објавена, денеска ќе постоело СЈО, но и рекетарската банда ќе царувала.

– Катица преку Лиле ја манипулираше јавноста преку некои медиуми. Ги дадов парите. Ми велеше Катица сè ќе среди – рече Камчев.

Тој посочи и дека Јанева во собата за испрашување сведоци во СЈО му се заканила да го заврши тоа со Боки 13.