Јанева: Не чувствувам ни трошка вина

12

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева пред судот кратко, со една реченица, рече дека не чувствува ни трошка вина за кривичното дело злоупотреба на службената положба, за кое Обвинителството ја гони во случајот „Рекет“.

Обвинителката Јанева до Основниот кривичен суд во Скопје беше спроведена од куќен притвор и во неколку наврати судскиот процес го следеше со насмевка на лицето.