Јанев за БНТ: Бугарија нема да отстапи од позицијата за Македонија

12

Бугарија нема да отстапи од ставот за Република Северна Македонија, бидејќи се работи за бугарски национални интереси, како и за основните европски правила за правата на граѓаните на ЕУ, вели привремениот бугарски премиер Стефан Јанев.

„Во моментов, преодната влада прави напори да им ја објасни бугарската позиција на нашите европски партнери, бидејќи досега не е доволно добро објаснето“,рече тој во интервју за БНТ.

Според него, европските партнери во Брисел веќе даваат позитивни сигнали и само треба повеќе време за да ја разберат тезата за Бугарија.