Јанкуловска во завршниот збор за „Таргет-Тврдина“: Мојата совет е чиста, јас сум жртва на незаконското прислушување

23

Мојата совест е чиста. Кривичното дело кое Јавното обвинителство ми го става на товар не сум го сторила. Имате доволно докази правилно да процените и да ја донесете единствената можна пресуда, а во мојот случај тоа е ослободителна пресуда, порача денеска во завршен збор за случајот „Таргет-Тврдина“ екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Фактот што ЈО не дозволи да се приклучам во кривичниот прогонот, според Јанкуловска, не ја менува реалноста дека јас лично сум жртва на незаконското прислушување и дека има над 23 илјади прислушувани разговори од моите телефонски броеви и уште толку СМС пораки.

Во однос на обвинението кое и се става на товар од Јавното обвинителство, дека им помогнала на Горан Груејевски и Тони Јакимовски за уништување на опремата за прислушување, со тоа што го потпишала решението за формирање на комисијата, Јанкуловска рече дека станува збор за апсурдна теорија, што не е поткрепена со ниту еден доказ.

Во однос на тврдењето на ЈО дека, веруваат оти таа им помогнала на сторителите, затоа што не се запрашала, ниту се обидела да ја расчисти дилемата на правниот сектор од кои причини е потребно по редовниот попис да се врши вонреден попис и Комисијата да има такви овластувања, Јанкуловска рече дека токму правниот сектор како последен филтер за актите кои ги потпишува министерот, во една сосема стандарна процедура без да посочува на никакви дилеми и доставил на потпис решение за кое гарантира дека е законски издржано и проверено од секој аспект.

Таа, во својот завршен збор посочи дека од доказите и вештачењата се покажало дека „Најс трак“ системот имал нефункционалност за следење и снимање на телефонските и други комнуникации во постапка утврдена со закон, со оглед дека немал можност за следење на никаква комуникација преку интернет.