Јанкуловска не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовнато прислушување

12

Јанкуловска тврди дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовнато

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Кривичен суд тврдеше дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК.

„Дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации“, рече Јанкулоска.

За време на исказот, поранешната министерка истакна дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

Рече дека проблемите ги дознала од сведок во оваа судница. Посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Инаку за случајот таргет тврдина вкупно 177 луѓе досега поднеле писмено барање за отштета велат од кривичниот суд. Најмалку 25 милиони евра досега се побарувањата од оштетените и незаконски прислушувани луѓе кои се сведоци во предметот кој го истражуваше поранешното сјо.