Јануарска трампа на играчи помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед?

20

Пред нивната денешна меѓусебна пресметка медиумите на Островот пренесуваат дека е можна трампа на играчи во јануари помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

И двата клуба имаат по еден играч кој не сака да го продолжи договорот, Немања Матиќ од една и Кристијан Ериксен од друга страна.

Манчестер Јунјатед подолго време го сака Ериксен, а наводно и Данецот изразил подготвеност да игра за клубот од „Олд Трафорд“ иако повеќе би преферирал трансфер во Реал Мадрид.

Немања Матиќ пак е миленик на Жозе Мурињо кој со задоволство би го видел Србинот во своите редови, па токму затоа не се исклучува можноста за трансфер размена во јануари.