Јанушев: Победуваме, имаме предност од над 10.000 гласови, тоа е седум до осум пратеници

24

Предност од над 10.000 гласови во Гази Баба, Аеродором, Илинден, водство во Прилеп и Охрид, предност од 10.000 гласови, односно на седум до осум пратеника на обработени 20 отсто од гласовите, најави вечерва Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

– Граѓаните излегоа да ја казнат власта, народот масовно излезе, се определи за обнова, следува огроммна победа на народот, на правдата против неправдаа, нерегуарносите се одраз на очајот на СДСМ и на Заев, оти се свесни дека губат, се служеа со поткуп на гласачи, двваесетина случаи на поткуп, агитирање на изборниот молк, сите овие нерегуларности се процесуирани – рече Јанушев.