Јанушев: Со 80 пратеника се менува Уставот, а не Преспанскиот договор

14

Не гледам што е тврдо во тоа да си ја браниме позицијата која што сме ја застапувале. Ние не сме Заев да изјавиме нешто па потоа да си ја погазиме истата изјава. Со 80 пратеника се менува Уставот а не Преспанскиот договор, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

-Тоа е формалната постапка. Референцата во ОН не беше меѓудржавен договор како Преспанскиот. Би биле несериозни доколку кажеме дека имаме прилика, тоа да не го направиме. Тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го направиме. Нема да ветуваме брда и долина како СДСМ, времето ќе каже дали сме во право- изјави Јанушев за ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за бришење на Преспанскиот договор.

Според Јанушев договорот е капитулантски од самиот почеток.

-Ќе направиме се што можеме во рамките на демократското и институционалното делување за да го подобриме- додаде Јанушев.