Јанушев: Топ шоп мандатарот повторно ги ветува истите лаги за подобар живот

28

Ветуваа 30.000 денари плата и тоа не е се, овие избори таа плата е зголемена на 34.000 денари, тоа ќе беше одлично ако првичниве 30.000 денари успеаја да ги постигнат, но како за се останато лага до лага,рече Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ.

– Ги слушаме повторно по не знам кој пат ветуваат нов Клинички, клиничката болница во Штип и дополнително не се застанува, можат уште повеќе, арно ама нема ни нов Клинички центар, клиничката болница во Штип како ја затекнавте, сега е полоша ситуација. Ветуваа едноцифрена стапка на невработени, но небулозата е толку поголема што го ветува во моментот кога во Република Македонија има 40.000 нови невработени. Навистина се една Топ Шоп влада, истакна Јанушев.

Тој додаде дека Заев ветуваше намалување на долгот, а тој ист долг изнесуваше 4,8 милијарди евра, а денес ја надминува цифрата од 6 милијарди евра. Ја донесоа овие Топ Шоп политичари државата во ризична зона и тоа според Мастришките критериуми на ЕУ, истата за која добивавме 5-6 парти датуми, се сликаше половина од оваа екипа во авион и славеше.

– Ветуваше и стабилна економска политика, тоа го ветуваше и вчера, ветува истовремено кога го имаме новиот ТАТ, среќна нова 1996, Еуростандард банка пропаѓа, а нашиот Топ Шоп премиер ветува економски политики. Тоа што видовме од изјава од самиот Топ Шоп мандатар дека знаел за проблемите на банката и не презел ништо , затоа што може повеќе и подобро. Тоа што 2.500 вработени од Македонски пошти се оставени на милост и немилост, тоа не е важно за нив, поминаа изборите. Слушнавме вложување во култура во истиот момент кога за културните работници нема плата, изјави Јанушев.

Тој посочи дека се ветуваа чесни кадри, докажани, ама гледаме тука такви, ниту еден нема таков, затоа што до вас е Шекеринска синоним за транзиционен и неуспешен политичар, кој во своето CV има афери, бонбона бизнис како продажбата на ЕСМ, аферите со становите, потенцијална вмешаност во афера Рекет и спорните набавки, тендери во министерството за одбрана.

– Или можеби кадарен е господинот Николовски, човекот кој ја измисли корупцијата во земјоделието ќе биде вицепремиер за антикорупција. Најнеуспешниот министер на кој му го криеја факсимилот и печатот додека бил министер. Човекот кој за само една година стана милионер како што се слуша по медиумите. Или Филипче кој нема еден тендер да не биде пропратен со скандал. Македонската јавност не заборави на Диамед, за сплетките со Ден Дончев, ќе дојде време кога ќе понесете одговорност. Ако вашиот советник го нарекувавте министер за смрт, како треба вас да ве нарекуваме со 600 починати луѓе? Си диригираат во судството како сакаат, преку „трас трас“ Русковска, Димишкови, а концептот за демократија го разбираат со апсење на новинари, и ги лажеше семејствата на децата од Смилковско езеро, го ослободи убиецот на Мартин Нешковски, изјави Игор Јанушев, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.