Јанушев тропаше на говорница, Џафери: Е, па, ај да се степаме тука сите

427

Манчевски зборува за можноста да биде нов генерален секретар на Владата
Втор ден дебата во Собранието за избор на новата Влада. Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ тропаше на говорница, и употребуваше непристојен вокабулар, а реагираше Талат Џафери кој се обиде да ги смири.

Џафери рече дека нема технички можности да ги прекине пратениците во говорите, но може да ги отстрани по три опомени.

„Во кој парламент има тепање и лупање на маса? Е, па, ај да се степаме тука сите? Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам Игоре. Не се госласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ… Не ми држете предавања, јас можам два пати да ве опоменам, и третиот пат да ве избркам“, му рече Џафери на Јанушев.

Процедурално се јави и Димитар Апасиев кој побара да им се дозволи на сите пратеници слобода во говорот, и дека во секој парламент има удирања по маса.

Џафери одговори: „Во многу парламенти има и тепање, па ајде да се испотепаме тука“.