Јанушев: Јавно го повикуваме Груевски да се врати и да ја отслужи затворската казна

7

Јавно го повикуваме Груевски да се врати во државата, одговори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прашањето на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски дали партијата се залага нивниот поранешен претседател Никола Груевски да се врати во Македонија.

На вечерашнава дебатна емисија на ТВ 24 Јанушев отворено го повика поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во државата за да ја отслужи затворската казна.