Јирген Клоп е новиот Алекс Фергусон

4

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дион Даблин верува дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е новиот сер Алекс Фергусон во светскиот фудбал.

Фергусон запиша незамисливи успеси на „Олд Трафорд“ водејќи го до 13 титули во Премиерлигата. Јунајтед по неговото заминување не може никако да се опорави. А, тоа што Фергусон го правеше некогаш со Манчестер јунајтед, Клоп сега е на добар пат да го реализира со Ливерпул.

„Јирген Клоп е новиот Алекс Фергусон. Тој осигурува фудбалот во академијата да се игра на ист начин како и во првиот тим. Па, кога фудбалерите ќе ја минат академијата и ќе дојдат во првиот тим тие точно знаат што и како треба да прават на терен. Поради тоа Ливерпул игра вака добро и постојано напредува“ – вели Даблин, кој во 1992 година потпиша за Манчестер јунајтед и имаше можност да соработува со Фергусон.