Јиха: Вардар има нов тренер, а тоа секогаш значи нова енергија

5

Чешка второ Европско првенство по ред ја исполнува целта и се класифицира меѓу 12-те најдобри на континентот. Со тоа работата на Кубеш и Филип може да се окарактеризира како успешна, а дури и олимпискиот сон останува.

Во Виена својата селекција ја следи и чешката легенда Филип Јиха, кој од оваа сезона е тренер на Кил. Секако дека Јиха ги следи и своите ракометари, но и противничките. Разговаравме околу Вардар и февруарскиот дуел во „Шпаркасен Арена“, кој може многу работи да одлучи.

„Нов тренер носи и нова енергија. Тоа секогаш е така, па и во случајот на Вардар. Верувам дека ќе бидат опасен ривал.

Не ја губам енергијата да мислам на тоа како моите ракометари ќе се вратат од Европското првенство. Верувам дека ќе го имам ростерот комплетенм. Ако дојдат здрави, веднаш ќе почнам да работам, подготвувајќи ги натпреварите против Хановер и Вардар“, ни рече Јиха.

Кил убедливо го совлада европскиот првак среде Скопје и со тоа ја принуди управата да го смени Писонеро со Кокшаров. „Зебрите“ се голем фаворит да ја завршат првата групна фаза на врвот и директно да се квалифилуваат во четвртфиналето.

Натпреварот Кил – Вардар се игра на 5 февруари во 19:00 часот.