Јовески: Видов празни туби на местото на несреќата, но не беа изгорени

7

Државниот обвинител Љубмир Јовески вели дека на местото на автобуската несреќата на магистралиот пат „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани видел празни туби, но не изгорени.

Тој во изјава за емисијата „Ова утро“ на бугарската телевизија БТВ вели дека тубите со нафтата се шпекулација засега, и очекува истрагата и форензичките наоди да дадат појасни информации.