Јовески за ТВ 24: Ако пратениците сметаат дека можам да придонесам, ќе прифатам да бидам уставен судија

18

Актуелниот републички обвинител, Љубомир Јовески, кого дел од медиумите го посочија како еден од можните идни уставни судии, во изјава за ТВ 24 вели дека доколку пратениците сметаат дека може да придонесе во работата на Уставен, ќе го прифати предизвикот.

„Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција“, изјавил Јовески за ТВ24.

Уставниот суд е составен од 9 судии, но кон крајот на мај и почетокот на јуни мандатите им истекоа на тројца. Меѓу имињата кои претходно се споменуваа како фаворити беа генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и адвокатот Васко Талевски, но пред еден месец собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не успеа да ги утврди кандидатите што потоа треба да ги избере собранискиот пленум. Името на Иванова тогаш предизвика остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ поради нејзиниот политички бекграунд.